Изминатата недела (06.08 до 12.08.2021) регистрирани се вкупно 3.497 граѓани кои се позитивни на корона вирус, од кои 450 биле целосно вакцинирани, или 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3.047 граѓани од позитивните се вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е 100%, покажува анализата што денеска ја објавува Министерството за здравство.
Во текот на оваа седмица починале 25 лица со ковид-19, но ниту еден од нив не бил вакциниран, се наведува во извештајот.
Министерството за здравство денеска соопшти дека почнува со редовни анализи на неделно ниво, кои секој петок ќе го објавува во јавноста, а се однесува на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид-19 во државата.
Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.