Dark Mode Light Mode
Активни неколку пожари, најспецифичен е кај Сарај - досега приведени 17 лица
Истражување на НДИ: Државата се движи во погрешна насока, демократијата назадува, се намалува поддршката за ЕУ…
За една недела речиси 3.500 нови заразени, починале 25 лица

Истражување на НДИ: Државата се движи во погрешна насока, демократијата назадува, се намалува поддршката за ЕУ…

Мнозинство граѓани во Maкедонија веруваат дека државата се движи во погрешна насока и дека има назадување во демократијата. Ова го покажало анкетното истражување нарачано од американскиот Национален демократски институт чии што резултати се објавени денеска. Анкетата за потребите на НДИ ја спровел ИПСОС во март и април 2021 година на репрезентативен примерок од 2410 испитаници преку телефонски и интернет анкети.

Дури 64 отсто од граѓаните се изјасниле дека веруваат дека земјата се движи во погрешна насока. На прашањето „Дали нивото на демократија во земјата се влошува, исто е или се подобрува?“ 52 отсто одговориле дека се влошува, а 16 дека се подобрува. Гледано по партии, дури 81 процент од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ велат дека се влошува, а само 4 отсто дека се подобрува. Кај СДСМ, пак, 40 отсто сметаат дека се подобрува, а 31 отсто дека се влошува.

Изјаснувањето на граѓаните покажало и тоа дека во Македонија се намалува поддршката за Европската унија иако 67 отсто од испитаниците навеле дека би гласале за членство во оваа заедница. Речиси секој пети граѓанин, односно, нив 19 процени се изјасниле дека се против членството на нашата земја во ЕУ што е за 9 проценти повеќе отколку што изнесувал процентот од 10 проценти забележан во 2018 година. За исто толку проценти се зголемило и противењето на членството во НАТО, односно, сега негативен одговор дали 24 проценти од анкетираните граѓани. Позитивно мислење, пак, имале 63 отсто од граѓаните. Растот на позитивното мислење кај граѓаните, споредено со 2018 година, е забележано во однос на нивниот став кон Турција и кон Русија, додека е намалено кон САД и Кина. Граѓаните имаат најдобро мислење за Турција (52 проценти, зголемено од 42 отсто во 2018)) и Русија (48 проценти, кое се зголемило од 32 проценти во 2018). Позитивното мислење за САД (43 проценти) и Кина (38 отсто) е намалено.

Реклама

Инаку, граѓаните за главни проблеми ги навеле економијата/можностите за вработување (37%), како и здравствените услуги/КОВИД-19 (21%) додека недовербата во судството (67%) и јавното обвинителство (63%) е повторно висока.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Активни неколку пожари, најспецифичен е кај Сарај - досега приведени 17 лица

Next Post

За една недела речиси 3.500 нови заразени, починале 25 лица

Реклама