Dark Mode Light Mode

Активни неколку пожари, најспецифичен е кај Сарај – досега приведени 17 лица

Досега МВР има приведено 17 лица во врска со пожарите, 16 лица се повикани во полициска станица, поднесени се три кривични пријави и две прекршочни.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи посочи дека некои од пожарите во земјата се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе. Затоа, според него, мора да има посериозна одговорност.

-Сѐ уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка, ќе се поднесат соодветни пријави. Постапката се води во координација со јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело, напиша Спасовски на Фејсбук.

Реклама

Оваа година земјава ја зафатија пожари како ретко кога, порди што беше неопходна и меѓународна поддршка и во луѓе и во авиони.

На терен се и полицајци, па така сам во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7:00 часот вчера до 7:00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите во државата се ангажирани 501 полициски службеник, направени се 197 мото-патроли и користени 144 моторни возила.

Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои помагаат во гасење на пожарите.

Според податоците од ЦУК, се уште е активен пожарот во Сарај, над селата Буковиќ и Раовиќ, на планинската страна Осој. Се работи за непристапен терен, каде се дејствува со два хеликоптери на Армијата за да се изгасне.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на прес-конференција посочи дека пожарот што повеќе дена гори во Општина Сарај е специфичен, поради тоа што откако ќе го изгаснат, подземно продолжуваат да горат корењата на дрвјата за на одредени места потоа повторно да избие пламен.

Токму од тие причини, како што рече, за утре се договорени 30 припадници на Специјалната единица со соодветна опрема заедно придружувани со француските експерти, но и со четворица Французи кои работат со специјални дронови за пожари со трермални камери кои можат да го откријат и огнот кој што е под земја, со цел да се најдат овие жешки точки кои се невидливи од хеликоптер.

-Инаку, во овој момент и од рано утрово на оваа позиција дејствуваат два хеликоптери кои верувам дека повторно ќе успеат да го изгаснат пожарот, но пак очекуваме да се појави истиот проблем односно повторно да избие пожар, додаде тој.

Се уште е активен и пожарот кај Барово, во Неготино, Демир Капија. Гори сува трева и нискостеблеста шума на тешко пристапен терен. Интервенираат противпожарни возила, комуналното претпријатие и припадници на Шумското стопанство.

Локализиран пожарот во село Дивље, во скопската општина Петровец.

Територијалната противпожарна единица Виница информира дека пожарот на градската депонија е локализиран, но се уште тлее. Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ е во постојана контрола на депонијата.

Ангелов посочи дека денеска извршено е извидување и на пожарот во Демиркаписко, во кој што активно учествуваат припадници на Национални шуми и противпожарните служби кои се обидуваат да го изгаснат, но, како што рече, самиот терен е тежок бидејќи пожарот гори. Едната жешка точка е во еден дол, каде што е многу тешко пристапен, но според Ангелов, овој пожар не претставува опасност за ниедно населено место и во овој момент не може да се рашири неконтролирано.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дванаесетото издание на „МакеДокс“ почнува на 19 и ќе трае до 26 август

Next Post

Истражување на НДИ: Државата се движи во погрешна насока, демократијата назадува, се намалува поддршката за ЕУ...

Реклама