Француските експерти за високоризични пожари денеска беа во природниот резерват „Јасен“, каде имаше дојава за чад и за можни жаришта на пожари.
Подоцна од ЦУК соопштија дека не наишле на жаришта за пожар, но дека македонските полициски специјалци и француските експерти за високоризични пожари ќе продолжат со контрола на теренот по највисокиот срт.