Dark Mode Light Mode
Утре малку ќе здивнеме, температурата до 36 степени
По предизборен договор, предизборно се вадат и столчињата: почна реконструкцијата на Универзална
Вечерва се одржува поетската манифестација “Празник на липите“

По предизборен договор, предизборно се вадат и столчињата: почна реконструкцијата на Универзална

Се вадат легендарните столчиња од Универзална сала, или според состојбата на терен – започната е реконструкција на објектот. Откако предизборно се склучи договор со компанијата која ја прави реконструкцијата – во јуни, истата предизборно и почна, а којзнае можеби две третини и ќе заврши пред избори. Целосно веројатно не, оти според најавите на скопскиот градоначалник се очекува да била готова до крајот на годината. Агенцијата „Мета“ објави фотографии од камиони како ги изнесуваат столиците.

Инаку Шилегов најпрво сакаше да ја урива Универзална сала, па под силен притисок на јавноста овој уникатен објект – сведок на постземјотресно Скопје – сепак ќе биде само реконструиран. Имено ова одговара на една од незаборавните изјави на Шилегов дека „тој и другите градоначалници не биле фараони па за да градат“, па така реконструкцијата очигледно е соодветна опција. Барем салата ќе изгледа автентично. Ако се заврши до крај се разбира.

Овој култен објект за Скопје до сега доживеа неколку ветувања за реконструкција, а ниту едно не беше остварено. Скопската фирма „Универзал-Балкан“ на 4 јуни склучи договор со Град Скопје тежок безмалку 2 милиони евра. Во договорот има и анекс во кој се определува можност од корекција на крајната цена за 20 проценти со ставка „непредвидени случаи“. Комплетната реконструкција би требала да биде готова до крајот на годинава.

Реклама

Универзална сала е изградена со финансиска помош од повеќе држави меѓу кои Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јемен, Сирија, Турција и многу други. Таа претставува не само културен, туку и симбол на светската солидарност на обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре малку ќе здивнеме, температурата до 36 степени

Next Post

Вечерва се одржува поетската манифестација “Празник на липите“

Реклама