Dark Mode Light Mode

Многу радост за ништо: Сметките за струја ќе се намалат незначително

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач „ЕВН ХОМЕ“ незначително ќе се намалат,

Со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија ќе се намали од 18 % на 5%, сметките за струја  на универзалниот снабдувач „ЕВН ХОМЕ“ незначително ќе се намалат, велат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија, изјави Марко Бислимоски претседателот на РКЕ.

Реклама

Тој вели дека од побараните 50 денари на 1.000 денари сметка за електрична енергија од страна на сите енергетски компании, одобрени се 6 денари. На останатите елементи во крајната цена РКЕ нема влијание, а тоа се: увозот на струјата кој во првите шест месеци изнесуваше 32 милиони евра, маржата на ЕВН Хоме, трошокот за обновливи извори, кој е зголемен за 1,5 милиони евра, цената на ЕСМ, која во просек во однос на минатата година е зголемена за 2,5%.

Бислимовски смета дека намалувањето на ДДВ-то е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Академик Коцарев: Македонските интелектуалци да се сосредоточат во одбрана на македонскиот идентитет

Next Post

СДСМ си ќари пратеник на сметка на кавгите во ДОМ

Реклама