Преспанскиот договор, го брише, а не го гарантира македонскиот идентитет, посочува денеска претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во текст објавен во печатеното издание на весникот „Нова Македонија“. Покрај деталните објаснувања околу тоа, тој одговара и на прашањето – како понатаму?
-Неколку предлози за како понатаму. Прво, откажување од пласирање на небулозните изјави на политичарите за политички поени и од организирање настани во кои нема вистински дијалог, со кои се манипулира јавноста и се предизвикува штета во општеството. Второ, обединување на сите македонски политички партии во однос на македонскиот идентитет. Грешките се направени, треба да се престане со непотребни обвинувања и омраза и да се пристапи кон наоѓање решенија, а за тоа веќе пишував во „Нова Македонија“. Трето, македонските интелектуалци треба да се сосредоточат во одбрана на македонскиот идентитет, да понудат решенија независно од мислењата на политичарите, но и да ги оценуваат и критикуваат решенијата на властодршците како општествено одговорни интелектуалци. Притоа би сакал да подвлечам дека еднаш и засекогаш, што не беше случај досега, единствена водилка во работата на властодршците задолжително треба да бидат просперитетот и иднината на Македонија, а не нивниот личен просперитет, желба за владеење и арогантен однос спрема академската средина и интелектуалците, потенцира академик Коцарев.
Инаку, во текстот објавен во реномираниот македонски весник, со наслов: Дали со Преспанскиот договор се брише или гарантира македонскиот идентитет?“ (целиот текст може да го прочитате ТУКА) претседателот на МАНУ пишува и за грешките кои се направени од страна на македонските политичари, а анализира и членови од договорот.