По вчерашната информација од Агенцијата за лекови МАЛМЕД дека вакцината „Синовак“ не почнала да се аплицира, бидејќи се уште не беа звршени административнит процедури за нејзино користење во земјава, Министерството за здравство денеска соопшти дека таа од денеска се дава во повеќето пунктови низ цела држава.
Во Скопје и Битола имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре.
Од Министерството обаснуваат дека станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над 3 годишна возраст.
Но, кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица и се препорачува и за доилки и трудници.
Половина милион дози „Синовак“ во неделата пристигнаа во земјава, во два наврати. Тие се најавуваа со месеци, а од Министерството постојано добивавме одговор дека „само што не стигнале“.
И кога стигнаа, тие три дена стоеја во ладилник чекајќи ги процедурите за одобрување, иако државата извесен период се соочува со недостаток на вакцини и во пунктовите од недамна се даваше само „Фајзер“ кои по десетин илјади сигнуваат секој понеделник во земјава.
Зошто се чекаше тие да стигнат па да започнат прцедурите, се уште не е јасно.
Преку Ковакс системот засега добивме извесна количина на „Астра Зенека“ но оваа вакцина кај нас има возрасна граница, односно се дава над 60 години. Руските вакини кои наводно ги нарачавме, никогаш не стигнаа, а се работи за стотици илјади дози.
Во меѓувреме, секојдневно македонски граѓани одат во Србија, најчесто во Врање и Ниш за вакцинација која е дозволна без претходно закажување.
Министерот Венко Филипче неодмана најави амбициозен план за вакцинирање на сите пријавено, околу 200.000 на сајтот вакцинација мк до 15 јули. Потоа вакцинирањето ќе биде без закажани термини.