Dark Mode Light Mode

Протест во Кисела Вода: Стоп за бетонизација на Расадник

Жителите на скопската општина Кисела Вода денеска во 18 часот излегуваат на протест.

Со протестот, кој ќе се одржи кај Гет кафе, жителите од оваа населба сакаат да порачаат дека треба да престане бетонизацијата на општината особено на Расадник, кој е единствената останата поголема зелена површина.

Месеци наназад жителите на Расадник упатуваат апели дека изградбата на најмалку 100 згради на овој простор, дополнително ќе ги загрози и онака лошите услови за живеење во одој дел од општината.

Реклама

Тие велат дека улиците се пренатрупани со возила, нема паркинг места, детски игралишта, а се помалку ќе има и кислород за дишење.

Од нацртаните 100 згради во населбата Расадник лани избришани се маркички само за три, а на пет е намалена катноста, според Деталниот урбанистички план (ДУП) Градска четврт Ј14 Расадник на Општина Кисела Вода. Трите згради се избришани бидејќи се наоѓаат во заштитена зона односно на траса на далекувод, а останатите згради остануваат со катност од 6 до 13 ката и треба да донесат уште над 8.000 жители.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од утре свадби и во затворен простор

Next Post

Почна вакцинацијата со „Синовак“, Скопје и Битола ќе почекаат до утре

Реклама