Dark Mode Light Mode
Музичарите и порачаа на Владата: Нема свирки, нема мир
Македонските граѓани ќе добијат посебен пункт за ревакцинација во Србија, но им „виси“ потврдата
Необјасниво висок број на починати од ковид, а само 16 нови заразени

Македонските граѓани ќе добијат посебен пункт за ревакцинација во Србија, но им „виси“ потврдата

Македонските и српските власти разговараат за отворање пункт блиску до границата каде што би се ревакцинирале сите македонски државјани кои пред три месеци ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ во Србија.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека утрово разговарал со српскиот министер Златибор Лончар и наскоро ќе објават каде ќе биде тој пункт, а меѓу опциите се Врање или Ниш.

Оваа информација ќе биде објавена деновиве имајќи предвид дека ревакцинацијата би требало да биде од 17 до 20 јуни.

Реклама

Неофицијално, се рработи за најмалку 15.000 наши граѓани кои досега се вакцинираа во Србија, иако таа бројка не може да се потврди, бидејќи Србија се уште не ги доставила списоците со оние со македонски пасош кои се вакцинирале таму.

Според она што може да се прочита на социјалните мрежи, овие наши граѓани имаат уште еден проблем, а тоа е што во Србија не им издаваат потврда за вакцинација, која им е неопходна за патување, и ги упатуваат на нашите институции. Нашите институции пак е можат да им издадат татква потвврда, бидејќи немаат податоци од Србија за вакцинираните.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Музичарите и порачаа на Владата: Нема свирки, нема мир

Next Post

Необјасниво висок број на починати од ковид, а само 16 нови заразени

Реклама