Dark Mode Light Mode

Од каде му на Рашковски пола милион евра што ги нуди како гаранција за да излезе од притвор?

Вишото јавно обвинтелство Скопје се согласува, поранешниот генеррален секретар на Владата, Драги Рашковски  да излезе од притвор со гаранција од половина милион евра, која ја понудил.

Во соопштението од Јавното обвинителство се вели дека надлежен за одлучување по жалбата на Рашковски е Апелацискиот суд во Скопје, кој треба да донесе конечна одлука за тоа дали Рашковски ќе излезе од притвор или не.

Вишото јавно обвинителство смета дека понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари е доволна за да ја замени мерката притвор со понудената гаранција.

Реклама

Против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во моментов се водат две истраги, кои се однесуваат да спроведени тендери за набавка и за одржување на софтвер за сообраќајни прекршоци, кој самиот го патентирал и го набавил во име на Владата.

Тој се наоѓа во притвор, а премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека не верува дека Рашковски е виновен во случајот, и смета дека набавката е сосема чиста.

Рашковски е уште еден во низата функционери кои како гаранција за да се бранат од слобода нудат високи (парични или во имот) гаранции. Но, никој досега не објаснил од каде им се толку големи суми, ако се знае дека до ваков „капитал“ тешко се доаѓа дури и со функционерска плата?

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Џамбазов и Тамара Тодевска во домашна акциска серија - промоцијата е викендов

Next Post

Се чека 50 години, а ќе биде готово за 40 дена: Ќе се реновираат патеките во Градскиот парк

Реклама