На клучката Велес во правец на Свети Николе, утрово околу 06:30 часот во „ауди 8“ се пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан.
Од МВР соопштија дека случајот е откриен откако откако прво поминало возило „сеат алтеа“ со скопски таблички кое се движело со огромна брзина. Полицајците се посомневале дека се работи за претходдница, па по кусо време го запреле возилото „ауди а8“ без регистарски ознаки кое исто така поминало покрај нив со голема брзина. Во близина на с.Сарамзалино, општина Лозово во него биле пронајдени 13 лица мигранти од Пакистан.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по негова насока дел од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Гази Баба, а дел во транзитниот центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.