Две лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г) се седуммината починати како последица од ковид во изминатите 24 часа. Од нив, две лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи од
Скопје – 8, Куманово – 2, Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Регистрирани се 38 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027, од кои 427 се од Скопје.