Dark Mode Light Mode

Музичарите и порачаа на Владата: Нема свирки, нема мир

Музичарите денеска протестираа пред Владата и побараа да се укине забраната за настапи во угостителски објекти.

Која е логиката да има музика на свадби, а не и во кафулињата и ресторанните?, прашаа денеска дел од музичарите здружени во „Музика сега“.

Она што бараат да им се објасни и кои се тие лиценцирани музичари кои ќе можат да настапуваат на свадбените прослави, кога нема ниту комора која би ги застапувала и би ги издавала лиценците, ниту здружение кое тоа го прави.

Реклама

Музичарите веќе 15 месеци не настапуваат во живо, откако поради пандемијата беше донесена забрана.

Петар Младеновски од Управниот одбор на Здружението на музичари „Музика сега“, популарен како Пеце од „Суперхикс“ изјави дека треба да се дозволи работа на сите оние што настапуваат, не само на свадби, туку и на сите што настапуваат во угостителски објекти бидејќи, како што рече, протоколи веќе постојат.

Она што ги збунува музичарите е одлуката на свадбени прослави да можат да настапат само лиценцирани уметници, бидејќи како што велат, такви во нашата држава речиси и нема.

– Ниту има комора која би ги застапувала и би ги издавала лиценците, ниту здружение кое тоа го прави и бараме одговор на ова прашање, на оваа нејаснотија, изјави Младеновски.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Само три нови пациенти со ковид примени во Скопје во 24 часа

Next Post

Македонските граѓани ќе добијат посебен пункт за ревакцинација во Србија, но им „виси“ потврдата

Реклама