Рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин вели дека нови пратки на вакцината „спутник В“ во земјава ќе пристигнат во блиска иднина, и посочи одговорот да се бара во Рускиот фонд за директни инвестиции.
-Јас ви кажав толку колку што знам и колку можам. Ама сум сигурен дека сите обврски ќе бидат исполнети, рече рускиот амбасадор во земјава.
Тој потсети дека Руската Федерација планира на земјава да испорача 200 илјади дози „спутник В“, но дека распоредот за испорака не е предвиден со договорот и се формира во зависност од производствените можности на руската страна.