Министерството за економија го објави Јавниот повик за пријавување на угостителските објекти кои летово би сместиле гости со ваучери од државата во вредност од 12.000 денари.
Ваучерите се наменети за лица со ниски приходи кои што ќе аплицираат на јавниот повик, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износ од 30.000 денари.
По пријавување на угостителските објекти и туристичките агенции, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за сите лица кои сакат да добијат ваучер за туризам во вредност од 12.000 денари.
Крајниот рок за аплицирање е 31.05.2021 година.