Dark Mode Light Mode

Изложба на Трајче Чатмов во Галеријата во МКЦ

Во Галеријата МКЦ од вчера вечер се изложени сликарските дела на Трајче Чатмов. Се работи за ликовните композиции изложени под името „Интимно понирање“, за кои Анита Бошкова Доковска ќе рече дека се дела што лесно остваруваат директна комуникација со набљудувачот, карактеристични по својата едноставност и читливост на ликовниот јазик.

-Неговите слики претставуваат интимни медитации за животот и светот што нѐ опкружува, за егзистирањето во него и доживувањето/чувствувањето на истиот тој свет преку сите сетила. Фигуративните композиции на луѓе, бикови, змејови, имагинарни и митолошки суштества и нивната заемна интеракција ги носат трагите на енформелскиот израз и експресионистичката реторика, ликовен ракопис, кој на Чатмов му е елабориран и близок, нагласува таа.

Инаку во биографијата на Трајче Чатмов стои дека е роден 1971 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во класа на професор Рубенс Корубин. Магистрира на истиот факултет под менторство на професор Родољуб Анастасов. Покрај сликарството се занимава и со фотографија, анимиран филм и документарен филм, за што има добиено неколку награди во 1997/8 (најдобра камера и најдобра режија за кратокиот документарен филм „Времиња“).

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вархеји и Силва во Софија и Скопје ќе бараат излез по ветото од Бугарија

Next Post

Приведени 28 лица во Центар - се журкале за време на полициски час

Реклама