Dark Mode Light Mode
Шампион во измама: Од затвор преку Фејсбук стигнал до туѓи податоци и зел брз кредит
Во кризата некои богати станаа побогати, вели Битиќи – дали е ова најава за прогресно оданочување?
И годинава летување на државна сметка со ваучери

Во кризата некои богати станаа побогати, вели Битиќи – дали е ова најава за прогресно оданочување?

Богатите да плаќаат повисоки даноци, а персоналниот данок треба да се намали во одредени дејности. Ова е ставот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по вчерашната препорака од МАНУ да се зголемат одредени даноци како опција за побрзо закрепнување на економијата.

Иако прогресивното оданочување се одложи за 2023-та година, Битиќи не ја исклучува можноста да биде воведено и порано.

-Секој предлог е добредојден ако е за подобрување на состојбите и квалитетот на живот на граѓаните, но Владата мора да внимава да не им стави поголем товар отколку што би добиле права граѓаните. Ако даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување велам зошто да не. Се покажа дека во кризата некои богати станаа уште побогати и заради идеолошкото убедување сметам дека треба да имаме прогресивно оданочување – богатите треба да платат и да им вратат на посиромашните. Во кризата некои богати станаа побогати, вели Битиќи.

Реклама

Клучно, според него, и во време на криза мора да биде борбата со сивата економија зашто се покажа дека токму сивата економија беше еден од чинителите за поголемиот негативен ефект од кризата.

Најав дека што и да се случи, ќе се случи за најмалку шест месеци од сега ако се постигне консензус со сите чинители за да можат да се приспособат граѓаните и стопанството.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шампион во измама: Од затвор преку Фејсбук стигнал до туѓи податоци и зел брз кредит

Next Post

И годинава летување на државна сметка со ваучери

Реклама