Dark Mode Light Mode

Судот ја одби гаранцијата од 10,8 милиони евра: Мијалков останува во притвор

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и натаму останува во притвор во истажниот затвор „Скопје“ откако Основниот суд Скопје 1 денеска ја одби гаранцијата од 10,8 милиони евра за да биде ставен во домашен притвор. Судиите утврдиле дека се уште постојат причини поради кои притворот бил изречен.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, за уважување на предлогот за укинување на мерката притвор со замена – гаранција, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива како неоснован. Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека сè уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор, имајќи ги предвид видот и карактерот на кривичните дела како и висината на изречената казна, се вели во соопштението од Судот.

Мијалков издржува мерка притвор за случајот „Трезор“, каде што е неправосилно осуден на 8 години затвор.

Реклама

Претходно, Јавното обвинителството ја прифати понудената гаранција од Сашо Мијалков за да излезе од притвор до правосилноста на пресудата за предметот „Трезор“ за кој доби осум години затвор.

-Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзината замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, изјавија од ЈО.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шест филмски фестивали ќе го прикажуваат „Дедо и внук“

Next Post

Селекторот Ангеловски: Знаеме што играме, целта што си ја поставив за ЕП е поминување на групната фаза  

Реклама