Денеска официјално беа пуштени во употреба последните 500 метри од новопроектираниот и новоизведениот булевар „Босна и Херцеговина“, кој што сега се спојува со булеварот „Словенија“.
Она што е видливо е асфалтиран булевар широк 40 метри е со шест коловозни ленти, две велосипедски, две пешачки патеки по целата должина, а останува да се уреди уште зеленилото.
Овој булевар е важен крвоток на Општината Бутел веќе 40 години, со огромна фреквенција на возила.
Со обновата, не само жителите на општините Бутел, Чаир, Чучер Сандево и Шутка, туку и цело Скопје добива еден брз пат каде што ќе може да ги задоволи потребите при движење низ Општина Бутел.