Dark Mode Light Mode
Доаѓа викенд, а со тоа и дождот
Што ќе напише Заев во отказното решение на Пауновски?
Облачно, но топло, повремено со дожд

Што ќе напише Заев во отказното решение на Пауновски?

Најавата за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат е епилогот на дводневниот отпор на директорот Стојко Пауновски да го послуша премиерот Зоран Заев и да ги прими на работа определените „рамковни вработени“ иако немаат соодветно образование. Премиерот премеруваше 48 часа и измери дека му е поблиску ставот – да го послушааат кога дава насоки, а подалеку тој – да ги сослуша аргументите дека тоа е погрешно. 

Тие растојанија, кои се навистина големи, предизвикуваат бура во јавноста. Дали државен службеник треба само слепо да ги следи инструкциите на надредените или може и јавно да го каже својот став и противење на одлуката бидејќи таа не е добра? 

-Еве ви ја демократијата за која се боревте, напишал граѓанин на Твитер обраќајќи им на сопартијците на Заев.

Реклама

А се почна со одлуката на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците да му се доделат 35 „рамковни вработени“ во рамките на конечното распределување на околу 1.400 вакви вработени кои со години седеа дома а примаа државна плата. Но, Пауновски сметаше дека кадрите што му се даваат не се доволно квалификувани за да работат во Пазарна инсепкција.

– Јас сум политички дојден на таа функција и може и политички да бидам сменет, и нема да се лутам за тоа, но нема да попуштам на ниедна сила и тоа да го потпишам. Мора некој да застане на патот на ваквото однесување. Нека ги земе некоја друга институција, каде што ќе бидат соодветни според образованието. Велат дека тие сакале да работат во Пазарен инспекторат. И јас сакав пилот да бидам кога бев млад, ама не станав, изјавуваше овие два дена Пауновски.

На ова одговараше премиерот Заев.

– Пауновски е мој пријател, но ова е пркос кој е недозволен, хиерархијата треба да е поставена и треба да функционира успешно. Ова е доволна основа за негово разрешување, рече Заев.

Сега се чека на тоа да се види што ќе биде напишано како основ за предлогот за разрешување на Пауновски? Пркос?

И што е уште поважно, ќе се преразгледа ли дали на Пазарниот инспекторат навистина му требаат луѓе кои сакаат да седат во канцеларии или квалификувани инспектори кои ќе работат на терен? Па, првите луѓе на Владата постојано потенцираат дека ќе се почитува и форсира стручноста, професионалноста, дека администрацијата повеќе ќе работи и ќе биде се помала, дека…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Доаѓа викенд, а со тоа и дождот

Next Post

Облачно, но топло, повремено со дожд

Реклама