Dark Mode Light Mode

Од 1 мај сојузничките сили се повлекуваат од Авганистан, се враќа и 22-члениот македонски контингент

Повлекување на сојузничките сили од Авганистан со почеток од 1 мај објавено е по состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на земјите членки на НАТО. Ова одлука значи дека од оваа земја ќе се повлечат и 22 припадници на македонската Армија, колку што сега брои нашиот контигент во рамките на здружените сили. Македонија учествува во мисиите Авганистан од 2002 година. Во рамките на мисиите до сега учествувавме со повеќе од 3.100 лица меѓу кои, штабни офицери и подофицери, ментори, пешадиски единици и медицински персонал.

На состанокот на НАТО сојузниците посочија дека очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје за иднината на Авганистан, во која главната улога ќе ја имаат граѓаните на земјата. Беше реафирмирана силната поддршка за развојот на демократијата, човековите права и зајакнувањето на безбедносните институции на Авганистан.

Земјите-членки на Алијансата се заложија за зајакнување на дипломатските напори за изнаоѓање на политичко решение и успешно завршување на мировниот процес во Авганистан преку внатрешниот инклузивен дијалог во рамките на земјата.

Реклама

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави синоќа дека одлуката за повлекување на силите на алијансата од Авганистан не била лесна.

– Не беше лесна одлука, тоа е одлука за преземање ризици, нагласи Столтенберг на заедничката прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на Пентагон Лојд Остин.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Србија почна со производство на руската вакцина „Спутник В“

Next Post

О2 Иницијатива: Кој кого влече за нос, доставен ли е или не елаборат за суспензија на ДУП-от кај ГТЦ?

Реклама