Dark Mode Light Mode

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 е во пад

Денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19, истакна министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на новозаразени од корона вирус како што рече тој е околу 1000 лица, што според него потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад.

Тој посочи дека притисокот во болниците е се уште голем со оглед на тоа што се уште има голема бројка на новозаразени со Ковид-19.

-Во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите и прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје на Интерните клиники и во ковид центарот во Заводот за рехаблитација во Козле, како и во другите градови. Се прави прераспределба на пациенти од другите градови ако треба. Во овој момент се преоптоварени болниците во Куманово и во Битола и тоа на дневна основа го менаџираме, истакна Филипче.

Реклама

Според него вакцинацијата во Македонија се одвива добро, а доколку има потреба по 20 април повторно ќе се продолжат рестриктивните мерки.

Тој додаде дека кога ќе стигне поголема количина на вакцини тогаш и ќе се вакцинира, затоа што не сака да го земе редот на некој што има поголем ризик.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Академик Коцарев: Во Македонија нема демократско владеење, туку недемократско дивеење

Next Post

Дали конечно ќе го дочекаме денот отровниот линдан да го снема од ОХИС

Реклама