Dark Mode Light Mode

Се намалува бројот на новозаразени, но бројката на починати и денеска над 30

Триесет и три лица починаа во изминатите 24 часа како последица од ковид во Македонија, а регистрирани се 949 нови заразени.

Меѓу починатите е и 25-годишен пациент до Гевгелија. Единаесет смртни случаи има во Скопје (54г, 67г , 68г, 70г, 71г, 72г ,72г, 75г 77г, 86г и 87г), по 3 лица од Битола (49г, 66г и 74г) и Тетово (40г, 65г и 85г), по 2 починати лица од Куманово ( 66г и 84г), Прилеп (67г и 75г), Охрид (72г и 84г) и Гевгелија (25г и 76г) и по едно лице од Кочани (58г), Штип (65г), Кавадарци (58г), Струга (65г), Радовиш (74г), Делчево (79г), Неготино (87г) и Берово (87г).

Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.

Реклама

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 357, Битола – 85, Куманово – 69, Прилеп – 43, Велес – 39, Охрид – 36, Тетово – 34, Струмица и Кочани – по 29, Гостивар – 28, Штип – 26, Кавадарци – 25, Кичево – 21, Гевгелија – 14, Свети Николе – 13, Струга – 11, Ресен и Радовиш – по 10, Делчево и Виница – по 9, Неготино, Берово и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци – 5, Дебар и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Крушево и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 737 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106. Од нив 9.161 се во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За архитектите на зградите кај ГТЦ беспредметна е граѓанската петиција, а граѓанските организации бараат Заев да реагира

Next Post

Од четврто до деветто одделение и во средно ќе се учи од електронски книги

Реклама