Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники биле примени 31 лице.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника, во Козле биле примени 4, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 71 оздравен пациент.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 141, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.
Вкупно во државата има 1.762 пациенти кои се на болничко лекување од ковид.