Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека оставката на Драги Рашковски од функцијата секретар во кабинетот на премиерот е само прв морален чин, но оставка треба да си поднесе и целата Влада. Во изјава за медиумите денеска, тој коментираше и дека Рашковски не може да си дозволи со својата плата да вози џипови од 70-80.000 евра и да гради хациенди.
Според Мицкоски Рашковски требало да биде во затвор.
-Оставката е прв морален чин, иако ова требаше порано да се случи, но ова треба да продолжи во континуитет со Владата. Она што можам да го кажам и како негов колега, се срамам што вакви луѓе се дел од Универзитетот иако сме од различни факултети, изјави денеска Мицкоски откако Владата соопшти дека ја прифатила оставката на Рашковски, која тој денеска ја објави на Фејсбук.