Dark Mode Light Mode

Рашковски си заминува, а Владата тврди софтверот им требал – но кому, не се знае

Прифатена е оставката на секретарот за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата Драги Рашковски, потврди денеска Владата, но засега нема одлука кој ќе го замени.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, дали Владата требаше да го разреши или да чека тој сам да поднесе оставка, рече дека Рашковски преку писмо го информирал премиерот Заев за оставката и дека тоа е негова лична одлука.

Но, од изјавата на Арсовски за Рашковски може да се заклучи дека Владата и натаму има намера да го користи софтверот за сообраќајни прекршоци што Рашковски го набави како генерален секретар на Владата во висина од 70.000 евра, а за кој никој не знаеше се додека не го објавија тоа медиумите.

Реклама

Тоа беше иницијалната каписла во целиот случај со Рашковски, кој се одморуваше секојдневно – преку тоа дека има автомобил кој не го пријавил во анкетниот листа и дека гради огромна куќа во скопско.

Од Владата денеска рекоа дека побарале од институциите да утврдат дали при набавката на овој софтвер се прекршени некакви процедури, правила и стандарди, но тврдат дека се било транспарентно.

Сепак, не кажаа која институција има потреба од ваков софтвер и која ќе го користи, ако се знае дека претходно од МВР се изјаснија дека ниту знаат дека такво нешто е набавено, нути пак им треба.

Случајот доби на тежина со тоа што се објави дека всушност автор на овој софтвер е самиот Рашковски.

Тој денеска на Фејсбук објави дека си поднесува оставка, на која стои датумот 12 април (пред два дена) и обвини дека се било лажни вести околу случајот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Уште 64 нови хоспитализирани во Скопје со компликации од ковид

Next Post

Мицкоски: Рашковски треба да е во затвор, а Владата да си поднесе оставка

Реклама