Dark Mode Light Mode

Добро тече вакцинирањето, но кога ќе дојдат повеќе вакцини?

И денеска продолжува имунизација на населението против Ковид-19 во спортскиот центар во општина Карпош. Се започна вчера за кога беа закажани 3.000 термини.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера оцени дека првиот ден од вакцинацијата во СЦ „Борис Трајковски“ поминал одлично и оти во просек се вакцинирале околу 300 лица на час, односно околу 3.000 лица дневно.

-Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок, објави синоќа на Фејсбук Филипче, потсетувајќи дека од денеска стапуваат во сила поригорозни мерки и повика сите да дадеме придонес во битката со пандемијата.

Реклама

Инаку, на терен работи тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата се одредени места каде вакцинираните се под опсервација 15 до 20 минути. На самото место има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат, информираат надлежните.

Добро е што добро тече вакцинирањето, добро е што добро е организирано се околу тоа. Но останува прашањето – што кога ќе се потрошат малкуте вакцини кои ги има Македонија. Кога ќе дојдат новите пакети, ќе биде ли тоа овој месец како што најавија надлежните?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сега воведуваат силни мерки, а до пред некој ден инсистираа за попис и дека се е под контрола

Next Post

Куп на Македонија: Ќе го израдуваат ли пандевци Горан Пандев?

Реклама