Нашите власти ја чекаат одлуката од Европската агенција за лекови за тоа како натаму ќе се користи вакцината на „Астра Зенека“ со која сега се вакцинираат лицата над 60 години.
Министерот Филипче вели дека сега веќе се вакцинираат лицата од 75 години, а полека таа возрасна граница ќе се спушта, како што ќе доаѓаат вакцините.
Но, тој не можеше да гарантира кога ќе пристигнат другите нарачани дози вакцини, освен најавата дека од 15 до 20 овој месец се очекуваат „Спутник V“, „Синофарм“ и „Фајзер“.
Планот е кога ќе пристигнат овие количини, да се вакцинираат по 7.000 лица дневно. Сега се вакцинираат по околу 3.000.