Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко-босови да добијат македонски документи

Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи, соопшти денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека документите кои дошле до нив докажуваат дека Седат Пекер од Турција, кој беше протеран од Македонија, три дена после тоа се појавил во полициската станица во Драчево и се сликал за македонски пасош.

-Како влегол повторно Пекер и кој му овозможил да се стекне со пасош на туѓо име, со неговото лице Спасовски и Заев треба веднаш да кажат. Пекер е најголем нарко-бос во Турција и е гонет од турските власти. Со македонска патна исправа се стекнал и Јован Вукотиќ, лидер на Шкаљарскиот клан, чиј извршител во Србија беше Веља Невоља. Врвот на власта му овозможил на газдата на Веља Невоља да се стекне сл. македонски пасош. Тоа е докажано, откако тој бил фатен во Турција со истиот и екстрадиран во Србија, по што е поткрената постапка против него. Вукотиќ е вмешан во трговија со кокаин и друг вид нелегална трговија – се вели во соопштението од партијата.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев најави делење ордени, граѓаните му најавуваат делење награди на избори

Next Post

Тешко повреден 70-годишен пешак на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Реклама