Со тешки телесни повреди се здобило едно лице откако како пешак било удрено на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.
–Вчера во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „Алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(48) од Скопје, удрило во пешакот С.Ф.(70) од Скопје, соопштија од МВР.
Повредите на лицето биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.