ФК Македонија Ѓорче Петров попладнево (13 часот) ќе го пречека тимот на Академија Пандев во првото полуфинале од Купот на Македонија. Пред само три дена, Пандевци гостуваа во Ѓорче Петров и ја обезбеди првата гостиска победа против Македонија со конечни 2-1. Тоа е знак дека Академија Пандев може да се носи со Лавовите и покрај тоа што домаќините се подобро пласирани во домашното првенство.
Пред тој пораз, Македонија ЃП славеше во три и делеше бодови во два од вкупно пет меча против Пандевци како домаќини во натпревари од лигашки рамки.
Поради пандемијата реванш-дуели нема оваа сезона, така што во Ѓорче Петров ќе се одредува првиот финалист, додека второто полуфинале меѓу Струга ТЛ и Силекс е закажано за утре.
Ќе го израдуваат ли пандевци својот спонзор и идол Горан Пандев, со ново финале во Македонскиот Куп.