Dark Mode Light Mode

Вработен во пошта украл пратка од странство со банкарска картичка и си вадел пари

Откриено лице кое украло вредна поштенска пратка. Имено, вработен во подружница на Пошта во Гостивар украл пратка од Србија во која имало банкарска картичка и пин, што му овозможоло да вади пари од картичката.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против едно лице за злоупотреба на службената положба и овластување.

-Обвинетиот 55-годишник од село Долна Бањица, во периодот од ноември до декември 2019 година, во својство на службено лице, картист-насочувач, во Подружница ЦРПС Гостивар, присвоил поштенска пратка од Република Србија наменета за лице од село Добридол, во која имало банкарска картичка и пин број со која оштетениот требало да ја подигне пензијата, соопшти обвинителството.

Реклама

Од таму додаваат дека обвинетиот неколкупати ја употребил картичката и од банкомат подигнал 15.000 денари.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тешко повреден 70-годишен пешак на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Next Post

Целта е да се вакцинираат по 7.000 лица дневно, сега се по 3.000

Реклама