Dark Mode Light Mode

Заев најави делење ордени, граѓаните му најавуваат делење награди на избори

Македонија кризира околу пандемијата- премиерот најави дека ќе дели медали. Едноставно, Заев вчера отфрли каква и да е одговорноста за тешките последици од пандемијата на корона вирус и најави дека ќе дели ордени, медали и благодарници за најзаслужните во борбата против корона вирусот.

-Навистина подготвуваме ордени и благодарници и јас ќе ги делам. Тоа се нашите херои, сите, од министерот за здравство, заменикот, па до последниот здравствен работник или администрација што помага на здравствеите работници во тој дел, најави Заев додавајќи дека не гледа никаква одговорност.

Кој се ќе добие и какви признанија ќе бидат врачувани останува да се види. Неизвесно е и кога ќе се делат. Дали набргу или откако ќе дојде период кога ќе се стабилизира состојбата, кога ќе се намали ширењето на опасниот вирус, кога ќе има малку заболени и кога бројните смртни случаи ќе се намалат на минимум. 

Реклама

Граѓаните не чекаа за да реагираат. На најавата за медали имаше лавина реакции на социјалните мрежи, многу граѓани сметаат дека сега воопшто не е време да се прави такво нешто ниту, пак, дека Заев е личност која има право да прави такво нешто со оглед на начинот на кој што тој се справува со пандемијата.

– А, бре човече, уште ордени ти фалеа. Мислиш незаменлив си. Ни во Кралството Југославија вакво нешто немало. Во пропаст ја носите оваа мала исконска господова земја, коментираше читателката Благица на ФБ-станицата на Скопско ехо.

По социјалните мрежи има укажувања дека не може да следуваат признанија за очигледната неспособност на властите.

-Орден за неспособност да купите Една вакцина, жив срам сте. Ордени за заслуги што умираат по 50 луѓе на ден, коментираше друг граѓанин на социјални мрежи.

Други порачуваа дека медицинскиот персонал е за награди, но Заев и останатите околу него требало да признаат дека не работеле добро.

-Треба забрана да ви се даде на сите од Кризен штаб до министер. Барем да признаевте дека за ништо не ве бидува па уште и медали ќе се давало…Кој резил сте ова веќе не е смешно туку жално, напиша еден граѓанин.

Некои порачаа и дека, на крајот, граѓаните ќе бидат тие кои ќе наградуваат.

-На следните избори сите до еден ќе бидете соодветно наградени од граѓаните. Ич да не се секирате бидејќи нема да заборавиме дека бевме оставени сами да се снаоѓаме кој како знае и умее, потенцира во својот коментар еден граѓанин.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Повторно голем број на казнети возачи, пoвторно брзо се вози, повторно се разговара на мобилен...

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко-босови да добијат македонски документи

Реклама