Dark Mode Light Mode

СЗО: Ковид-19 најверојатно потекнува од животно, а не од лабораторија

Неверојатно е дека корона вирусот не се појавил од лабораторија, туку дека најверојатно се пренесол од животни на луѓето, се наведува во извештајот по заедничкото научно истражување на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина за потеклото на Ковид-19.

Извештајот од експертите, кој е споделен со сите земји членки на СЗО, посочува дека најверојатното од четирите можни сценарија е дека корона вирусот се пренел преку лилјаците до луѓето преку друг вид на животно.

-Според научниците директното пренесување од лилјак на човек би можело да се случи, но таа опција ја нарекуваат малку веројатна, пренесе Асошиејтед Прес.

Реклама

Според директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрехесус, извештајот јавно ќе биде објавен во текот на денов.

-Сите хипотези се отворени и заслужуваат комплетни и дополнителни истражувања, изјавил тој на вчерашната пресконференција.

Документот не утврдува дали ширењето на вирусот започнал од пазарот за морска храна во кинескиот град Вухан, каде беше регистриран еден од најраните кластери на заразени лица во декември 2019 година.

Извештајот на СЗО за потеклото на вирусот беше очекуван со нетрпение за да даде одговори за превенирање на идни пандемии, но експертскиот тим се најде и под критики поради спорната методологија на нивното истражување, проблемите со кои се соочуваа во нивната работа, како и вмешаноста на Кина.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Носи ли кинескиот министер за одбрана и датум на испорака на вакцините?

Next Post

Колку Заев и Мицкоски пораснале?

Реклама