Dark Mode Light Mode

Австрија пред купување на милион дози oд руската вакцина „Спутник B“

Австрија е пред купување на околу милион дози на руската вакцина „Спутник В“ и покрај фактот што таа се уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Ова вест денеска ја објави канцеларијата на австрискиот канцеларот Себастијан Курц.

-Не смее да има геополитичка тесноградост кога станува збор за набавка на вакцини. Единственото нешто што треба да се гледа е дали вакцината е ефикасна и безбедна, рече Курц, потврдувајќи дека Австрија преговара со Русија за купување на „Спутник В“ и дека од април Москва понудила испорака на милион дози.

Австрискиот премиер е под голем број критики од опозицијата затоа што неговата влада не купи доволно вакцини против Ковид-19 преку централизираниот систем на ЕУ, додека Курц тврди дека системот потфрлил.

Реклама

Тој упорно се залага за одржување на добри односи со Русија и нагласува дека сака неговата земја да биде мост меѓу Истокот и Западот.

Врз основа на последните клинички испитувања во февруари, научниците утврдија дека ефикасноста на Спутник В е 92 проценти. Резултатите од студијата беа објавени во стручното списание „Лансет“.

Спутник В досега е одобрен од 58 земји. Од земјите на ЕУ, само Словачка и Унгарија ја купија руската вакцина, а Унгарија веќе ја спроведува. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нема приоритет за вакцинирање на државниот врв и функционерите - мора да се пријават на сајтот

Next Post

Препукување во државниот врв за вакцините: Филипче му врати на Пендаровски за критиките

Реклама