Српската полиција утрово ја уапси лекарката Јована Стојковиќ поради како што се посочува – предизвикување паника и страв со ширење лажни вести и објави на социјалните мрежи против вакцинацијата.
Како што јавија српските медиуми, во тек е голема полициска акција против таканаречените „антиваксери“, а подоцна се очекува и соопштение од српското МВР.
Стојковиќ е претседателка на движењето „Живеам за Србија“. Според медиумите, таа е позната по своите антиваксерски ставови. Против сопругот на Стојковиќ е поднесена кривична пријава за попречување на службено лице во вршењето на своите должности, бидејќи го снимал претресот во нивниот дом и се расправал со полицијата.