Најмалку 34 лица загинаа кога воз денеска излета од шините во тунел во Тајван, откако удрил во камион. Според првичните информации повредени се повеќе од 70 лица.
Возот, во кој имало 350 патници, вклучувајќи десетици туристи, патувал од главниот град Тајпеј до Таитунг. Локалните медиуми објавија дека до несреќата дошло откако возот удрил во камион што паднал врз шините од карпа.
Ова е најголемата железничка катастрофа на островот во последните неколку децении. Властите соопштија дека спасувачите се борат да дојдат до четири вагони во тунелот кои се „тешко оштетени“. Последната голема железничка несреќа во Тајван беше во октомври 2018 година, кога загинаа 18 лица.
Тајванскиот центар за вонредни ситуации објави дека спасувачките екипи се мачат да пристапат до четирите вагони во тунелот кои се тешко оштетени.