Dark Mode Light Mode

Стејт департментот на САД: Во Бугарија е проблем е неказнивоста на кршењето на човекови права

Властите во Бугарија „преземаат чекори за гонење и казнување официјални лица кои ги прекршиле човековите права, но владините активности не се доволни и неказнивоста е проблем, се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот на САД за состојбата со човековите права во светот.

Во делот за Бугарија од извештајот, Стејт департментот ги нагласува како сериозни проблеми случаите на „полициско насилство, произволно апсење, сериозни проблеми со независноста на судството, сериозни ограничувања на слободното изразување, вклучително и цензура во медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари, корпоративен и политички притисок врз медиумите и други“.

Владата во Софија генерално ја почитува слободата на говорот, вклучително и печатот.

Реклама

-Сепак, останува загриженоста дека корпоративните и политичките притисоци, во комбинација со растечката и нетранспарентна концентрација на мрежата на сопственост и дистрибуција на медиуми … значително го оштетија медиумскиот плурализам, се наведува во извештајот.

Стејт Департментот нагласува во извештајот за неказнивост на службените лица во коруптивни практики, вклучително и мито, судир на интереси, злоупотреба на средства и кршење на правилата за јавни набавки.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Убава акција: Во Кисела Вода бесплатно се собира кабастиот отпад

Next Post

Објавен конкурс за упис: За средношколците двојно повеќе места во стручни училишта отколку во гимназии

Реклама