Dark Mode Light Mode

Состојба во ковид-центрите: 1.537 пациенти во цела држава, во Скопје 48 нови за 24 часа

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1.537 пациенти со ковид-19 и има околу 300 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, или вкупно 668 лица кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршките клиники имало 30 приеми.

Реклама

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум примени пациенти, а шест биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 319 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти. На Клиниката за детски болести има19 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Алијанса и Алтернатива не играат како што им свири ДУИ

Next Post

Попишувачите може да се вакцинираат веднаш, но одложувањето на пописот зависи од средбата Заев - Мицкоски

Реклама