Dark Mode Light Mode

Падна договор: Попис во септември, локалните избори на крај на октомври

Во Клубот на пратениците штотуку заврши средбата на лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Мицкоски договорија пописот да се одложи за септември, додека локалните избори, наместо во првата, да се пролонгираат за втората половина на октомври.

Одлуката беше очекувана, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче објави дека попишувачите се во приоритетната група за вакцинирање, и дека во текот на денот очекуваат список од Заводот за статистика колку од 5.050 попишувачи ќе сакаат да се вакцинираат.

Реклама

На прашањето, дали тоа ќе значи и одложување на пописот, Филипче рече дека само од медицински аспект може да каже дека имунитетот од вакцината се создава за две недели, а одлуката за пролонгирање на пописот е политичка.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одамна бараше одложување на пописот, а Владата долго време не сакаше да го слушне ниту него ниту гласот на голем дел од граѓаните во Македонија кои јасно порачуваа дека нема да отворат врата на попишувачите среде пандемија.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пендаровски за утре го свика Советот за безбедност за ситуацијата со ковид

Next Post

Лани ја пробија, сега ја асфалтираат: „Есенинова“ за олабавување на двете тесни грла на градот

Реклама