Пациент од Струга на 22 години е најмладата жртва меѓу 41 починат како последица од ковид во изминатите 24 часа.
Денешниот црн биланс е втор најлош од почетокот на пандемијата после 8 декември кога биле регистрирани 46 починати во едно деноноќие.
Шеснаесет од починатите се од Скопје (34г,41г,50г,60г,64г,65г, 3 лица на 67г., 69г,70г, 71г,72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г,66г,70г,74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (22г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г).
Четириесет од нив се починати во болнички услови, а еден кој е во домашни услови.
Во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на ковид-19 (21,5 отсто) и тоа во Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип – по 1 лице.
Регистрирани се 1.169 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000, од кои 9.143 во Скопје.