Екипите на Град Скопје деновиве почнаа со асфалтирање на улицата Есенинова, чие пробивање почна минатото лето.
Улицата ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета македонска бригада“.
Новоизградената улица „Есенинова“ е долга 730 метри, со променлива ширина, односно ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни во Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада.

Ќе ја осветлуваат 20 столба, а има и нова водоводна и канализациска мрежа, наместо досегашните резервоари и бунари што се наоѓаа на таа локација.
Улицата треба да ги ослободи сегашните две тесни грла на во овој дел од градот – едното преку булеварот „Србија“ до булеварот „Борис Трајковски“, и второто, кај „Тутунски комбинат“.
„Есенинова“ всушност ќе го скрати кружењето околу „Тутунски“, кое во периодите на најголемиот сообраќаен метеж трае од 5 до 10 минути.