За влез во Грција ќе биде потребна една од трите опции: вакцинација, негативен ПЦР-тест или тест за антитела, најави грчкиот министер за туризам Харис Теокарис во интервју за руската РИА Новости.
Сепак, тој подвлече дека Грција ќе ја признае и руската вакцина „Спутник V“, со што ќе се решат дилемите дали Грција ќе ја признае вакцинираноста со вакцини што сè уште не се регистрирани во ЕУ. Теохарис рече дека Грција ги очекува првите туристи најдоцна на 14 мај.
Тој посочи дека Атина ќе им излезе во пресрет на руските (а веројатно и на други странски) туристи и нема да бара задолжителна вакцинација или вакцинација само со вакцините регистрирани во ЕУ.
-Не е задолжително да се биде вакциниран, но луѓето што се вакцинирале нема да мора да имаат негативен тест и нема да бидат подложени на проверки. Туристот може да влезе во нашата земја без обврска да се тестира секој пат кога ќе лета, рече министерот.