Синоќа, 23 лица ја прекршиле забраната за движење – односно полицискиот час, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инаку, во однос на мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 455 прекршоци.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување ширење на Ковид-19.