Dark Mode Light Mode

Левица: Здравството ни е во колапс, а Владата за 210 милиони долари набавува оружје од САД

Додека македонското здравство е во колапс, а народот тоне во сиромаштија, Владата троши народни пари за субвенционирање на воениот апарат на САД, соопшти  опозициската партија Левица. Партијата реагира на информацијата дека Стејт Департментот ја одобрил набавката на 54 оклопни борбени возила кои ги нарачала македонската Влада.

-Оваа набавка е крајно скандалозна од неколку причини. Пред сѐ, трошењето на 210 милиони долари државни пари е неприфатливо и недозволиво во услови на огромна сиромаштија, здравствен и економски колапс. Од друга страна, покрај тоа што Македонија за членството во НАТО секоја година плаќа приближно 1 милион долари чланарина, како и токму поради членството во оваа воена организација, нашата држава е обврзана секоја година за буџетот за одбрана да издвојува 2 отсто од БДП, односно 11 милијарди денари, колку што тој изнесува оваа година. Па ваквите дополнителни енормни буџетски издатоци за воена опрема произведена од САД се ништо друго освен искористување на нашата држава за финансирање на американскиот воен и империјалистички апарат, потенцира Левица.

Во соопштението се укажува и на фактот што оваа информација беше сокриена од јавноста.

Реклама

-Ова укажува на тоа дека политичкиот естаблишмент во Македонија, без разлика на која партија ѝ припаѓа, иако не може да се договори околу државните интереси, сепак кога се однесува за воениот сојуз НАТО, заедно работи против интересите на народот. При тоа, државата и нејзините институции ги искористува само за унапредување на сопствените интереси и за добивање на поддршка од САД за продолжување на своето криминално и расипничко владеење, потенцираат од Левица.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За 210 милиони долари Македонија купува 54 оклопни возила од САД

Next Post

Притвор за мајката на врзаното дете што изгоре, ќе одговора ли и некој од институциите?

Реклама