Dark Mode Light Mode

Јапонија vs Македонија за аерозагадувањето: решенија vs глумење решенија

Шинџи Вакаматсу и Имура Хидефуми, како и Јамада Таизо, кој е постар советник во Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЏАЈКА, денеска одржуваат предавање на Машинскиот факултет во Скопје со цел да се споделат искуства и да се отвори дебата за проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух во земјава.

Пред предавањето, професорот Вакаматсу порача дека е потребен различен пристап за стационарните извори на загадување (домови и индустрија) и за мобилните извори на загадување (сообраќај и подвижна опрема).

-Кога количината на гориво што се користи во објектите стане голема, дозволеното ниво на емисија треба да биде построго. Особено важна е соработката меѓу властите и приватните компании, а неопходно е и воведување на технологии за филтрирање на оџаците, со што ќе се намали емисијата на штетни гасови. За мобилните извори на емисии, освен мерките против индивидуалните автомобили, подеднакво важни се и сообраќајните и логистички системи. За создавање на еколошки одржлив град, треба да се воведе безбеден и евтин јавен систем на транспорт, нагласува Вакаматсу.

Реклама

И во двата пристапи Македонија крахира: властите постојано тврдат дека нема недозволена емисија на отровни чадови од неколкуте фабрики, додека загаденоста на воздухот зборува друго. А за тоа ретко, односно речиси никогаш не сме слушнале дека е така, или пак дека некој од газдите одговарал.

Што се однесува до јавниот сообраќај за него скопјани барем сигурно ќе се сложат дека ниту е безбеден ниту пак е ефтин. И ако не е во метрополата, тогаш наградното прашање е како е во помалите градови?

Заклучокот е дека препораките на јапонските научници, несомнено се вистинските, впрочем и самите си знаеме што ни е маката. Но, разликата е во тоа што Јапонија открива проблем, наоѓа решение, па го применува, и тука е крајот. Ние стигнуваме до фаза два, наоѓаме решение, ама глумиме дека се применува.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

(ФОТО) Полициски час после подолго време: Скопје - град на духови

Next Post

„Кармен“ под диригентската палка на Бисера Чадловска, утре во МОБ

Реклама