Dark Mode Light Mode

Притвор за 41-годишен маж кој силувал деца на возраст од 5 и 7 години и ги снимал со мобилен

Сексуално злоставувани деца во Кавадарци. Имено, во овој град е извршен полов напад врз деца на возраст од 7 и 5,5 години, известува МВР.

Полицијата дообјасни дека обвинителството во Кавадарци има поведено постапка против 41-годишно лице, за кое постои сомнение дека сторило кривичното дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон.

Реклама

Поради опасност од бегство на осомничениот и страв дека доколку биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и поради тежината на стореното кривично дело за кое постои можност од казна затвор во траење од најмалку 12 години, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кој е кој на посочените бугарски избирачки списоци?

Next Post

Случајот со дебарската родилка не е затворен со наодот на Лекарската комора

Реклама