Dark Mode Light Mode

Вакцините ќе дојдат во март или пак ќе ни кажат: „Тоа е прашање на денови“?

Вакцини се уште нема во Македонија. Оние малкуте што дојдоа се занемарлива бројка, населението во земјава само се пријавува, ама нема со што да се вакцинира.

А состојбите со пандемијата стануваат се позагрижувачки. Деновиве бројот на новозаразените постојано се движеше од 500-800 лица, а вчера стаса и до илјада. Се поголем е број и на починати лица, а навестувањата се дека новиот бран ќе има уште поголеми последици. Се воведе и полицискиот час во обидите на таков начин да се запре новото ширење на, сега мутираниот, вирус.

Меѓутоа, јасно е дека најдобар начин за заштита е преку вакцинирањето. Во Велика Британија благодарение на широка вакцинација бројот на смртни случаи од последиците од вирусот корона опадна за 81 отсто во споредба со периодот пред еден месец. За цели 54 процент е намален бројот на новозаразените лица. Значително подобра е состојбата и во Израел каде граѓаните веќе се враќаат во некаква нормала пред пандемијата…

Реклама

Епа што се чека, каде се вакцините кои беа ветувани? Во останатите земји во регионот вакцините почнаа да им се даваат на граѓаните уште пред три – четири месеци. По неколкуте неисполнети ветувања во првите два месеца од годината, македонските функционери почетокот на март го дадоа како нов „датум“ за добивање на вакцини.

-Денови се во прашање за добивање на вакцините, изјави пред недела дена премиерот Зоран Заев.

Како брои Заев и што е за него „прашање на денови“?

Премиеров деновиве слушнавме дека дури разговарал и претставници на тајни служби.

-Вртев дури и по тајните служби, имаме пријатели кои биле дипломати, еве сега се шефови на МИ 6 или слично…, рече Заев објаснувајќи колку труд вложил да набави вакцини.

Едно е да вложиш труд, друго е трудот да е исправен и плодотворен. Труд вложија и при набавка на кинески вакцини, ама Кина им го врати капарот. Италијанскиот весник денеска пишува дека во исто време со Македонија и Црна Гора аплицирала за кинески вакцини, но нив капар не им вратиле.

Прескапа е цена за пропустите со ненабавувањето на вакцините, го знаат тоа надлежните институции?  

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Италијанскиот весник „Ла верита“ објави писма од Филипче до кинески фирми, а во нив...

Next Post

Полицискиот час го прекршиле 12 лица, за неносење маска изречени 408 казни

Реклама