Dark Mode Light Mode
Променливо облачно со северен ветер
Италијанскиот весник „Ла верита“ објави писма од Филипче до кинески фирми, а во нив…
Вакцините ќе дојдат во март или пак ќе ни кажат: „Тоа е прашање на денови“?

Италијанскиот весник „Ла верита“ објави писма од Филипче до кинески фирми, а во нив…

Се доразврзува случајот што го отвори италијански весник во врска со набавките на кинески вакцини од страна на македонската влада. Имено, фирмата „Старби интернешенл“ од Хонг Конг, основана 2017 година и која нема медицинско ниту фармацевтско портфолио, била компанијата на која македонскиот министер за здравство Венко Филипче и испраќал писма околу набавката на кинеските вакцини за Македонија.

Писмата биле испратени на 25 декември 2020 и од 25 јануари 2021 година. Ова е денешно, ново продолжение кое го објавува италијанскиот весник „Ла верита“, а кој вчера објави дека набавката била договорана преку фантомска фирма од Хонг Конг. Тоа било и причината поради која бил вратен авансот платен од Македонија од страна на кинеската држава. Во статијата беше наведено дека оваа фирма немала стабилни темели, но имала големи финансиски депозити во германската „Дојче банк“.

Во денешното продолжение италијанскиот весник ги дава и фотокопиите на писмата испратени од министерот Филипче. Писмото на Филипче испратено на 25 јануари е адресирано до кинеската компанија „Синофарм“. Од факсимилот се гледа дека на фирмата „Старби интернешенл“, исто така, и било испратено писмото. Исто така, се наведува дека Македонија е заинтересирана за набавка на кинеските вакцини и дека „Старби Интернешенл“ ќе ја координира оваа набавка. Се наведува и дека Македонија очекува одговор во однос на термините и условите на испораката.

Реклама

Второто писмо е адресирано до China National Biotec Group и до Синофарм, како и до „Старби инт. и  во него се потенцира дека Македонија ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла верита“, е спротивно на многу меѓународни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.

-Веќе е јасно дека лани во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н. здравствена дипломатија, пишува „Ла верита“.

Премиерот Зоран Заев и вчера потврди дека Владата соработувала со приватни фирми за набавка на вакцини против ковид-19. Тој рече дека Владата се обидела на секој начин да дојде побрзо до вакцини за граѓаните.

-Апсолутно негирам какви било лоши намери и незаконски дејствувања. Имавме писма за интерес преку повеќе компании, не само во Кина. Во целата нарачка ни помогна „Пауер Чајна“, мајка компанија на „Синохидро“, фирмата што ги гради патиштата во Македонија. Се обративме преку таа фирма. Покрај амбасадата, се обидувавме и преку неа со вртење на телефоните, преку сѐ кинеско што имаме овде, а тоа е компанијата што работи овде, рече Заев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Променливо облачно со северен ветер

Next Post

Вакцините ќе дојдат во март или пак ќе ни кажат: „Тоа е прашање на денови“?

Реклама